Британската премиерка Тереза Мај денеска ќе се сретне со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер во надеж дека од Брисел ќе ги добие отстапките, кои и се потребни договорот за Брегзит да биде одобрен од британскиот Парламент.
Би-Би-Си наведува дека Меј ќе разговара со Јункер по телефон.
Кабинетот на британската премиерка потврди дека Меј разговарала со некои европски лидери пред гласањето за договорот за Брегзит во британскиот Парламент.
Портпаролката на Европската комисија изјави дека Јункер ќе ја сослуша Меј што има да каже.
-Претседателот е, се разбира, секогаш отворен да ја сослуша премиерката, така што тоа сигурно ќе се случи, изјави портпаролката Мина Андреева.