Македонските одбојкари со оптимизам патуваат во Украина

Од:

Македонските одбојкари го одработија последниот тренинг пред патувањето за Запорожје каде што утре (5 јануари) ќе го одиграат петтиот натпревар од квалификациите за Европското првенство.

Македонија на средбата во Скопје со Украинците со 2:0, но на крајот загуби со 3:2.
Украина сега игра на домашен терен, а и максималниот ефект во групата ја става во позиција да биде фаворит, но „црвено-жолтите“ се оптимисти дека можат да изненадат.

– Зошто да не? Украина е посилен противник од нас, но ова е одбојка, топка е во прашање, ние знаеме да играме, подготвени сме и не треба да не изненади позитивен резултат. Веруваме и ќе одиме во Запорожје по позитивен резултат, без разлика колку на хартија да се поквалитетни од нас, вели техничарот на македонската репрезентација Филип Деспотовски.

По дуелот во Украина, македонските одбојкари веднаш се враќаат во Скопје каде на 9 јануари ги очекува последниот меч од квалификациите, противник ќе им биде Унгарија.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ