Две деца повредени во сообраќајката кај Демир Капија

Од:

Две деца на возраст од една и пет години се на преглед во кавадаречката Општа болница по сообраќајката кај Демир Капија кога патничко моторно возило удрило во товарно возило на Македонија пат кое растурало сол на авотпатот Гевгелија-Скопје.

Информацијата дека децата се во болница ја потврди Благој Митев, хирург од Хируршкото одделение во болницата.

-Во моментов децата се на иследување. Направени се ренген снимки, тие се свесни и контактибилни, не се нервозни, но сепак да бидеме начисто околу тоа дали има некоја повреда ќе ги исконтролираме уште некое време па ќе одлучиме што понатаму, рече Митев.

Сообраќајната незгода се случи вечерва по 20 часот.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски