Израел ги заострува условите во затворите за Палестинците

Од:

Израел најави дека ќе ги влошува условите во затворите за палестинските затвореници, преку забрана за готвење и ограничувања на посети и користењето вода, објави израелскиот министер за јавна безбедност, Гилад Ердан.

Тој истакна дека влошувањето на условите на терористите е неопходно за да се исполни нивната морална должност за жртвите на тероризам и нивните семејства.

Според новите правила затворениците од ривалските палестински фракции, Хамас и Фатах, ќе бидат заедно, а не како претходно, кога биле чувани во келии според нивната припадност.

Според новите упатства, затворениците за безбедност веќе нема да можат да си готват за себе во одделенијата, зошто како што вели Ердан, оваа привилегија им дала неправедна предност над затворените криминалци кои мораат да прифатат храна каква што им служи затворот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел собори беспилотно летало над морето, објавено видео

ВИДЕО: Израел го нападна центарот на Бејрут, убиен лидерот на Хамас за Либан

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

Макари: Сакаме примирје со Израел, правиме дипломатски напори

Израелски медиуми: Авиони го бомбардираа засолништето на шефот на Хезболах со повеќе од 80 тони бомби