А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ќе се прогласува епидемија на морбили во Скопје, регистрирани шест нови случаи

by А1он02/01/2019 - 14:0202/01/2019 - 16:00356
Share0

Шест нови случаи на морбили регистрирале здравствените власти. Пет од заразените со мали сипаници се деца, а еден е возрасен. Ниту едно од децата не било вакцинирано.

Добивај вести на вибер

Информацијата ја потврдија од Министерството за здравство и најавија дека во текот на денот ќе излезат со повеќе информации откако ќе заврши седницата на Комисијата за заразни болести која била вонредно свикана. Неофицијално од Министерството велат дека не се исклучува можноста уште денеска да прогласат епидемија на ниво Град Скопје, по информациите дека сипаниците се шират и дека новите случаи се од Гази Баба, Чаир, Бутел и Шуто Оризари.

Минатата недела во Институтот за јавно здравје беа потврдени два случаи со мали сипаници – 2,5-годишно дете од Куманово и жена на 32-годишна возраст од Шуто Оризари. И тие не биле вакцинирани со МРП и немале контакт со претходно заболените шест деца од градинката во скопската населба Радишани.

Последните контроли на Центарот за јавно здравје покажаа дека вкупно 15 илјади деца на возраст до 14 години не се вакцинирани. Здравствените власти најавија дека ќе се засилат контролите на вакциналните картони, како и критериумите за упис во градинка и училиште, и апелираа родителите да ги вакцинираат децата навреме за да се спречи ризикот од епидемија низ цела Македонија.

Галена Николовска-Ризвановиќ

morbilimzsipanici

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он06/12/2025 - 13:14

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Горан Наумовски01/12/2025 - 16:27

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он24/06/2025 - 17:1124/06/2025 - 17:13

Голема епидемија на најзаразниот вирус во САД и во Европа

Горан Наумовски20/05/2025 - 14:07

Во Аеродром, Карпош и Центар низок опфат со МРП вакцина, висок ризик од појава на епидемија со морбили

Катерина Ѓуровски29/04/2025 - 14:36

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он12/04/2025 - 14:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен