Вчера попладне, во 17 часот и 20 минути било пријавено дека на патниот правец Тетово-Брвеница, патничко моторно возило „БМВ“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 22-годишниот А.А. од Тетово, удрило во велосипед управуван од 61-годишниот З.С. од с.Долно Седларце-тетовско.
Во незгодата на местото на настанот починал велосипедистот.
Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Тетово. Се работи на расчистување на случајот.