Кривични пријави против ексградоначалникот на Свети Никола и две други лица

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против З.Т. на возраст од 51 година, К.Н. 34 години и 54-годишниот А.Д., сите од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

„Во периодот од 22 април 2015 година до 24 април 2018 година второпријавениот, сопственик и управител на правно лице од Свети Николе, за одржување на уличното осветлување на подрачјето на општина Свети Николе, изготвувал лажни фактури, во кои прикажувал поголема количина на употребен материјал. При тоа, третопријавенот, вработен во општина Свети Николе и одговорен за контрола над наведените услуги, ги проследувал ваквите фактури, без да изврши проверка и споредба на материјалот наведен во фактурите и материјалот наведен во пријавите за дефекти, по што првопријавениот, како градоначалник на општина Свети Николе, без да изврши увид во приложената документација, ги одобрувал ваквите фактури“, информираат од полицијата.

Со ова, велат од МВР прво и третопријавениот му овозможиле на второпријавениот да се стекне со противправна имотна корист од 1.316.530 денари, на штета на буџетот на општина Свети Николе.

Би можело да ве интересира

Уругвајци тешко повредени откако излетале со мотор во кривипаланечко

Ја удрил со автомоби, па ја тепал сопругата со која се разведувале

Починат Турчин пронајден во хотел на Бит Пазар

Катерина Ѓуровски

52-годишник загина откако со мотор удрил во паркиран автомобил

Им зел 10 илјади евра за да „фати врски“ во судовите за пресуда во нивна корист

Катерина Ѓуровски

Групна тепачка во кумановски „Гарнизон“, приведени петмина