Евростат: Секој трет млад човек во ЕУ го напуштил училиштето и не може да си најде работа

Од:

Во 2009 година во земјите-членки на ЕУ живееле околу 96 милиони млади луѓе, на возраст од 15 до 30 години.

Во повеќето земји на ЕУ задолжителното образование завршува на возраст меѓу 14 и 17 години и од оваа возраст натаму младите луѓе избираат дали ќе продолжат со своето високо образование или да станат економски активни, пренесува БТА.

Просечната возраст за напуштање на формалното образование и почнување со работа од младите луѓе во ЕУ е 21 година, покажа анализата на Евростат, посветена на преминот од образование кон првата значајна работа.

Најрано на пазарот на трудот излегуваат младите во Малта и Турција (исто така земја што е вклучена во истражувањето) или просечно на околу 18-годишна возраст.

Според податоците од анализата, приближно 70 отсто од младите на возраст од 15 до 30 години кои го напуштиле образованието имале значајни тешкотии при наоѓањето на првата работа, а околу 30 отсто воопшто не успеале да најдат работа. Ова е така затоа шро речиси секој трет млад човек, кој го напуштил образованието и побарал работа, имал низок потенцијал за влегување на пазарот на трудот, покажа анализата.

Највисоки вредности на вработеност кај младите на возраст од 15 до 30 години се регистрирани во Холандија и Норвешка- 88 отсто, Швајцарија – 87 отсто, Австрија – 84 отсто, Луксембург – 82 отсто, Кипар и Данска – 81 отсто, Германија и Словенија – 80 отсто.

Најниски податоци за вработување на младите луѓе се регистрирани во Литванија, Латвија и Унгарија – под 30 отсто.

Бугарија, заедно со Романија, е во „златната средина“ на оваа своевидна класификација на вработеноста на младите – малку над 30 отсто.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Околу 13,2 милиони луѓе се невработени во ЕУ

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески