А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со СДСМ на власт ја завршува најцрната година во својата историја

by А1он31/12/2018 - 09:36181
Share0

„Република Македонија со СДСМ на власт ја завршува најцрната година во својата историја. Криминалната власт на аболицираниот Зоран Заев и СДСМ во изминатава година донесе само црнила и уназадување за македонските граѓани.

Следете a1on на Instagram Instagram

Власта ги погази Уставот, законите како и волјата и достоинството на граѓаните. СДСМ насилнички и со уцени посегна кон менување на името на државата, националниот идентитет, јазикот, културата и историјата на Република Македонија.

Впрочем тоа беше и единствената работа на која беа фокусирани. Додека не бираа средства за менување на името, дозволија криминалот и насилството да владеат со улиците, а граѓаните да живеат во страв беда и сиромаштија.

Граѓаните повеќе не се безбедни ниту во своите домови, ниту на своите работни места. Откако СДСМ е на власт, секојдневно сме сведоци на убиства, улични престрелки и грабежи. Власта се стави во заштита на криминалот, а за дополнително да ја загрози безбедноста на граѓаните на слобода пушти стотици криминалци кои сега слободно дивеат по улиците низ Македонија.

Следете a1on на Youtube YouTube

Алчноста и корумпираноста на власта нема граници. Додека власта сама себе си делеше тендери и грантови на владини функционери, граѓаните се повеќе осиромашуваа и следната година ќе ја дочекаат во неизвесност како ќе ја преживеат. Ги покачија даноците, а трошоците за живот секојдневно се повеќе растат. СДСМ ја отвори спиралата на поскапување, ја покачија акцизата на дизелот и тоа резултира со поскапување на сите производи за живот па дури и на лебот.

Неспособниот СДСМ успеа да ја забетонира македонската економија на дното во Европа. Не беа способни да реализираат ни 50% од капиталните инвестиции кои самите ги проектираа. И наместо да носат инвеститори тие почнаа да ги бркаат како постојните така и потенцијалните. Доказ за тоа е падот на 68-мо место на листата за водење на бизнис на реномираниот „Форбс“.

Нема нови работни места, нема 500 евра просечна плата, нема 100.000 денари плата за лекарите, нема повисоки пензии, а нема ниту нови патишта, болници, детски градинки, студентски домови и факултети. Но затоа има вработување за членовите од семејствата на функционерите од власта и зголемување на семејните бизниси на аболицираниот Зоран Заев.

Ветуваа итни мерки за почист воздух, а речиси две години не спроведоа ниту една мерка. СДСМ ја смести Македонија на првото место како најзагадена земја во Европа, а Скопје во 10 најзагадени градови во Светот. Илјадници граѓани ги губат своите животи како последица на загадениот воздух, додека власта си игра игрички или си дреме на собраниска седница.

Годината ќе се памети како најлоша година за земјоделците, хаос во здравството, образование и економија на дното, но и како година во која имаше драстичен раст на криминалот и корупцијата.

Граѓаните на Република Македонија не ги заслужуваат овие црнила кои СДСМ ги нанесува. Ова зло кое СДСМ секојдневно го нанесува на граѓаните и државата мора веднаш да запре и затоа СДСМ мора да си замине. Само така земјава ќе почне да напредува. Затоа граѓаните многу скоро ќе го казнат СДСМ за сите злодела и ќе ја донесат зората во Република Македонија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски28/07/2026 - 09:1028/07/2026 - 10:18

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 12:12

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 11:34

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

Горан Наумовски22/07/2026 - 17:50

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Горан Наумовски19/07/2026 - 10:48

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

Горан Наумовски19/07/2026 - 09:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео