Украинска амбасада во Македонија: Русија се подготвува да примени хемиско оружје на окупираната територија на Донбас

Од:

Руските тајни служби целат на значителен број на жртви меѓу цивилното население. За тоа брифираше претставникот на Главната управа на разузнавачката служба на Министерството за одбрана на Украина, соопштува украинската амбасада во Македонија.

„Според зборовите на Вадим Скибицки, военото разузнавање на Украина забележува низа знаци кои јасно укажуваат на подготовката од страна на Русија на диверзантско-терористички акт со примена на хемиски опасни отровни материи кој понатаму ќе биде претставен од руските пропагандисти како употреба на “хемиско оружје” од страна на украинските војници против жителите на окупираниот Донбас. Главната управа на разузнавачката служба на Министерството за одбрана на Украина утврди дека на окупираните територии на Донбас во средината на декември пристигна група на руските специалисти по хемиски борбени и отровни материи“ се вели во соопштението на украинската амбасада.

Тие велат дека руската војска ја зголемила подготвеноста на, како што велат, окупираните територии за дејства под услови на хемиско загадување.

„Од територијата на Русија донесени се најновите средства за лична заштита за личниот состав на групите 1 и 2АК на руската окупаторска војска кои се планираат да се искористат во борбени услови. Со цел на создавање на јавното мислење поволно за неа, Москва повеќе од месец дена спроведува масовна информативна кампања за да ја обвини Украина за тајната подготовка на таквите дејства. Главната управа на разузнавачката служба констатира дека на сличен начин Русија одржа информативна операција пред имитацијата на хемискиот напад во Сирија на 24 ноември оваа година во регионот на Алепо, за да ги оправда понатамошните воздушни напади против сириските опозициски сили“ се вели во соопштението на украинската амбасада.

Би можело да ве интересира

Русија и се одмазди на Канада преку кинескиот пазар

Мерц тврди дека Русија испраќа дронови над Германија

(ВИДЕО Масовно труење со алкохол во Русија, повеќе од 40 мртви

А1он

Песков: Нема „магично оружје“ за Киев што би ја променило ситуацијата на фронтот

Небензја: Не го признаваме враќањето на санкциите на ОН врз Иран

Столтенберг: Украина можеби ќе мора да отстапи територија за мир