СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со лажни вести неосновано шири паника во јавноста

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со обидите неосновано да шири паника во јавноста преку пласирање на лажни вести.

ВМРО-ДПМНЕ лаже дека довербата кон полицијата е 31 отсто, бидејќи нема ниту една анкета со таков процент.

Напротив, последната анкета направена од ОБСЕ покажува дека 75 отсто од граѓаните се чувствуваат безбедно и сигурно.

Тоа е резултат постигнат поради независноста, професионалноста и ефикасноста на полицијата, која работи во интерес на граѓаните и заштита на законите.

Коалиции меѓу криминалот и власта се олицетворение на владеењето на антинародното ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, институциите функционираат независно и професионално, неселективно се постапува против секое прекршување на законите.

Министерството за внатрешни работи продолжува да работи одговорно и посветено, како вистински парнер и заштитник на граѓаните кои се безбедни и сигурни“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни