Единаесетгодишно момче секој ден поминува река и македонско-српската граница за да стигне на училиште

Од:

Единаесетгодишно момче од Србија секој ден ја поминува границата со Македонија, при што поминува и река без мост, за да дојде на училиште. Малиот Марко е шесто одделение во училиштето Драгоманце во општина Старо Нагориначе, а живее во селото Горњи Старац во општина Бујановац во Србија, пишува „Кумановоњуз“.

Во неговото село нема училиште, додека пак на реката Пчиња нема мост, па Марко мора секој ден сам, или со помош на неговите родители да гази преку вода.

– Доколку реката не е надојдена, брзо ја поминувам и излегувам на патот каде што ме чека школскиот автобус. Доколку реката е надојдена мора да пешачам околу еден и пол километар до местото каде што таа е потесна за да излезам на главниот пат. Кога е топло газам и бос, но проблем е во зима, бидејќи морам да обувам гумени чизми, па ги соблекувам кога ќе ја поминам реката, внимавајќи да не ги изводенам нозете, раскажува Марко.

Семејството на Марко живее во Србија во село на планината Козјак на самата граница. Во тој дел природна граница меѓу Македонија и Србија е реката Пчиња.

– Ние географски припаѓаме на Србија, но поради близината сме повеќе врзани за Македонија. Кленике е оддалечено 17 километри од тука, а Пелинце е само на неколку километри. Во овој дел од селото остана само нашата куќа. Проблем е што мора секој ден да ја поминува реката, раскажува таткото на Марко, Горан Арсовски.

Иако местото на живеење на семејството Арсовски административно се води во Србија, тие се повеќе врзани со Македонија. Од Македонија добиваат социјална помош, тука се лечат и пазарат.

Повеќе на „Кумановоњуз

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар