Откако биле избркани од ресторан на „Боемска“ бидејќи продавале балони, се вратиле со секира

Од:

Три лица кои во угостителски објект на улицата „Боемска“ продавале балони направиле инцидент кусо откако биле истерани од кафеаната, соопшти полицијата.

Тие им понудиле од балоните на три лица во објектот, кои откако им кажале дека не се заинтересирани да купуваат, побарале од персоналот на објектот да ги отстрани. По кусо време продавачите на балоните се вратиле, но со секира. Едниот со секирата ја оштетил вратата од објектот, а потоа почнале со столици да фрлаат кон гостите.

Напаѓачите по кратко време го напуштиле објектот, но по интервенција на полицијата биле приведени двајца од нив во полициската станица Центар. Притоа, констатирано е дека се работи за лицата Д. Д. (25) и С. Д. (43), двајцата од Скопје.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва