Египетската полиција елиминира 40 милитанти по нападот врз туристи

Од:

Египетската полција денеска уби најмалку 40 милитанти во рации во Газа и во северниот дел на Синај, јави египетската новинска агенција МЕНА.

Рациите се преземени по вчерашниот бомбашки напад што се случи во близина на Пирамидите во Гиза, при што загинаа најмалку четири лица, а повредени се десет луѓе.

Инцидентот се случи кога автобус со туристи налетал на рачно изработена бомба поставена на пат.

На лице место загинаа двајца туристи од Виетнам, а во болница починаа туристичкиот водич и уште еден виетнамски турист.

Се уште никој не презеде одговорност за нападот.

Египетските власти се уште немаат издадено официјално соопштение за спроведените рации.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски