Влховa триумфираше на велеслаломот во Земеринг

Од:

Петра Влхова (Словачка) ја постигна првата победа во кариерата во велеслалом кај жените, откако триумфираше во трката од Светскиот куп во австрискиот центар Земеринг.

Влхова покажа многу стабилно возење и во двата спуста, а по освоеното трето место по првиот, успеа да ги искористи грешките на своите главни конкурентки – Американката Микаела Шифрин и Австријката Стефани Брунер, кои ги заземаа првите две места по првата трка, за да ја постигне својата петта победа во натпреварите од Светскиот куп.

Влхова постигна вкупно време од 2:04.72 минути, а на 0.45 секунди зад неа на втората позиција заврши Викторија Ребензбург. Германката најде место на подиумот, откако даде најдобро време во втората трка, а трета во денешното натпреварување заврши Французинката Теса Ворли, која беше побавна од Влхова за шест десетинки од секундата.

Шифрин беше лидер по првата трка, направи неколку грешки во втората и на крајот заврши само петта на 0.66 секунди за победничката, откако беше претркана со 0.02 секунди од Брунер, која остана на четвртото место. Италијанката Федерика Брињоне заврши шеста на 0.76 секунди зад Влхова.

Шифрин, кој има 934 поени, води во генералниот пласман за Светскиот куп. Втора е Влхова со 488 поени, а трета е Рагнхилд Мовинкел (Норвешка) со 396 поени.

Во пласманот за Малиот кристален глобус во дисциплината „велеслалом“ лидер е Брињоне со 270 поени, пред Ворли со 265 и Шифрин со 255. Петра Влхова е седма со 168 поени.

Би можело да ве интересира

Еден од најдобрите ски скокачи ја заврши кариерата, не се опорави од тешкиот пад

Предраг Петровиќ

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска