Ваучерскиот систем за поддршка стартува од 1 јануари со можност за дополнителни 6 милиони евра за развој на спортот

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, заедно со советниците за спорт на претседателот на Владата, Ѓорги Тасев и Даниел Димевски и раководителот на сектор спорт во АМС, Томислав Андоновски, денеска во клуб на пратеници остварија работна средба со претставници на националните спортски федерации и спортски работници.

На средбата беа презентирани, се дискутираше и се прецизираа критериумите, постапката и условите за добивање на ваучери согласно новиот систем на финансирање, чиј крајни корисници ќе бидат националните спортски федерации, клубови, активни спортисти од олимписки, неолимписки и параолимписки спортови и други правни лица, кои имаат решение за вршење дејност спорт. Овој систем влегува во сила од јануари, 2019 година.

На средбата исто така се потенцираше и важноста од формирање на посебно тело во Агенцијата за млади и спорт чија главна обврска ќе биде работата со ваучерскиот систем, при што цел процес, како и досега, ќе се води низ транспарентен, партнерски и инклузивен пристап со сите спортски субјекти.

Преку овој систем, обврзникот кој донирал финансиски средства на спортски субјекти му се намалува пресметаниот данок на добивка за износот на донираните средства, но најмногу до 50% од пресметаниот данок.

Со ваучерскиот систем, директно во спортот се вбризгуваат нови 6 милиони евра, преку кои ќе се обезбеди развој, стимулација и финансиска моќ на спортските клубови.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ