ВИДЕО: Заев со новогодишни пакетчиња од книги ги покани децата да ги спасат јунаците од земјата Фантазија со повеќе читање книги

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, со децата од второ одделение од ООУ Братство – Скопје, учествуваше во заедничкото читање на сказната „Писмо од Фантазија“.

Според сказната, која премиерот ја сподели со учениците, претседателот на Република Фантазија во писмо упатено до децата, пишува дека е многу загрижен за неговата земја, која е пред сериозна закана да исчезне.

Во писмото замолува неговото писмо да им биде прочитано на децата затоа што верува дека само децата можат да ја спасат Фантазија од исчезнување бидејќи сè повеќе и повеќе деца не читаат книги, и дека заради тоа јунаците од земјата Фантазија како што се Петар Пан, Зоки Поки, Вини Пу и другите остануваат непрочитани, осамени, без сила – и тогаш кога се најслаби, доаѓа црниот змеј Ништо и ги проголтува.

Во писмото-сказна потоа пишува дека децата можат да ја запрат оваа опасност со подарокот за нова година кој се состои од пакетче со книги напишани во земјата Фантазија, во кои ги има сите јунаци и другарчиња од оваа земја која е нивна втора татковина, и дека сè што треба да направат е да ги прочитаат книгите и откако ќе ги прочитаат, да им ги подарат на своите другарчиња.

Децата од училиштето „Братство“ со одобрување го прифатија предлогот да читаат повеќе, да подаруваат книги и на тој начин да ги спасат јунаците од земјата Фантазија.

Откако ги прифатија книгите од новогодишниот пакет на претседателот на Владата на РМ Зоран Заев, децата го прифатија и вториот предлог со кој се покануваат ученици од сите училишта во земјата, да пишуваат раскази или песнички, кои потоа ќе бидат испечатени во книга која ќе им биде подарена на сите училишни и градски библиотеки во земјата за да можат да ги читаат сите деца и да бидат подарок за идната Нова Година.

Во знак на сеќавање на оваа средба, децата од училиштетот „Братсво“ на премиерот Заев му подарија елка и новогодишна честитка што самите ги изработиле.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата

ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Колку украде двоецот Заев-Филипче од македонските граѓани за да може да има интернационални бизниси?