Раст од 5,2 отсто на индустриското производство од почетокот на годината

Од:

Индустриското производство во 11-те месеци од годинава бележи раст од 5,2 отсто во однос на тој период лани, а на месечно ниво во ноември индустриското производство забележа раст од 4,9 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во ноември 2018 година,
во однос на ноември 2017 година, бележи пораст од 6,4 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 4,8 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 4,2 отсто..

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство на прехранбени производи, пијалаци, текстил, основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, други неметални минерални производи, производство на метали, производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, производство на моторни возила, приколки и полуприколки и производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, бележи пораст кај енергија за 4,7 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 6,5 отсто, капитални производи за 7,8 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 2,4 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,7 отсто.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата