По 42-ри пат одбојкарски турнир „Бранко Хаџииљоски Чајка“

Од:

Меѓународниот одбојкарски турнир „Бранко Хаџииљоски Чајка“ ќе го има своето 42. издание. И овој пат Агенцијата за млади и спорт ја помага манифестацијата која ја афирмира одбојката.

Овој турнир е празник за одбојката во Македонија и градот Тетово, уште од далечната 1975 година, и е една од најстарите манифестации во Македонија. Морам да ја истакнам мојата благодарност до семејството Хаџи- Иљоски, како и до медиумите кои учествуваат во промоција и поддршка на овој спортски настан, што условува континуитет во одржување и постоење на најстарите македонски спортски манифестации, истакна Дарко Каевски, директор на АМС.
Тој ги покани сите вљубеници во одбојката и спортот воопшто да бидат дел од оваа спортска манифестација.

Свои обраќања имаа и претставници на Одбојкарската федерација на Македонија и организациониот одбор на турнирот, кои истакнаа дека овој турнир претставува историја на одбојката во Македонија и одлична можност за сите вљубеници на одбојката во Тетово и пошироко да присуствуваат на одлични натпревари.

Покрај тимовите на ОК “Работнички” од Скопје, ОК “Универзитети во Тетово” и OK“ Бами Кор” од Тетово, ќе настапи и ОК “Рудар- Пљевља” од Црна Гора, со што овој турнир ќе добие меѓународна димензија.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ