Заев: Силно го поддржуваме спортот, затоа што спортистите се пример на сите нас

Од:

Премиерот Зоран Заев, синоќа присуствуваше и се обрати по повод свечениот настан „Спортисти на годината 2018“ кој го организираше Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации.

На настанот беа присутни спортисти, спортски работници, претставници на спортските федерации, како и поддржувачи на спортот.

Заев, во своето обраќање истакна дека убаво е да се заврши годината со доделување на спортски награди, со надеж за уште поголеми успеси во годината која што доаѓа.

„Мене ми е драго да бидам предводник на извршна власт, којашто има силна мотивација, да вложи сериозни пари и веќе вложува сериозни пари во поддршка на спортот, затоа што веруваме дека идоли за сите нас, сте токму вие спортистите од нашата земја. Затоа, она што до сега го правиме, со вложување сериозни и квалитетни средства во федерациите и спортските клубови и продолжуваме да растеме со буџетот. Следната година имаме дополнителни 6 милиони евра, ваучерскиот систем стартува од јануари 2019 година, што дополнително значи нови 6 милиони евра за сите спортски клубови“, истакна премиерот во обраќањето.

Тој ги покани спортските работници во првите два месеца од 2019 заеднички да ја изработат Националната стратегија за спорт.

„При крај се фазите на одлуки, кои што треба да донесат, сите спортски објекти коишто беа под Јавното претпријатие за стопанисување со спортски терени и објекти, да бидат наменети да бидат доделени на федерациите и општините за да може да ги користат сите спортисти“, кажа Заев и додаде дека зборува од срце бидејќи навистина сака да мотивира спортски цели и успеси“, рече Заев.

„Ви благодарам од името на граѓаните на Македонија, што ни ја претставувате нашата убава земја“, заврши премиерот.

За најдобар спортист за 2018 година е избран каратистот Емил Павлов, европски првак во карате-борби во категоријата до 60 килограми и прв шампион од Македонија во еден олимписки спорт, додека за најдобра спортистка е прогласена ракометарката Сара Ристовска која со РК Вардар имаше настап на фајнлфор турнирот во Лигата на шампиони.

Би можело да ве интересира

Рафаел Надал ја заврши кариерата

Сензација во Шангај: „Летечкиот Џордан“ го исчисти Алкараз

ВИДЕО: Инцидент во Шангај – Димитров нападна навивач

Рекордни 13.400 учесници на скопските улици: Заврши јубилејното 20-то издание на Виз Ер Скопски маратон Inbox

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Медведев беше пред елиминација – пресврт по три часа борба