Изложба на слики од Меѓународната радовишка ликовна колонија „Св. Ѓеорѓиј 2018“ во Куманово

Од:

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово вечер ќе биде отворена изложба на слики од Меѓународната радовишка колонија „Св. Ѓеорѓиј 2018“. Колонијата се одржува по трет пат во организација на ДЛУМ од Радовиш, тамошните општински власти и Центарот за култура со поддршка на бизнис заедницата.

На третата меѓународна ликовна колонија учествувале уметници од неколку градови од Македонија помеѓу кои и доајените на македонската уметност: Новица Трајковски, Владимир Темков, Ангел Коруновски, Стефан Хаџи-Николов, Цветанка Јованова Хермес, Мирослав Трендафиловски – Мики и Запро Запров. Исто така, во колонијата учествуваа и уметници од странство меѓу кои: Летив Намдагжанчивин – Ли од Монголија, Евгени Петров од Бугарија и Мита Ристиќ од Србија, како и членови на ДЛУР Рада, Радовиш: Марјан Крстев, Крсте Тарабунов, Душан Коцев и Ѓорге Атанасов…

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до средината на јануари, наредната година.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска