Амбициозните мајки лошо влијаат врз децата

Од:

Мајките, кои ги оптоваруваат децата со активности и го контролираат секој дел од нивниот живот, предизвикуваат големо незадоволство кај децата, пишува „Дејли мејл“.

Група научници изврши експеримент над повеќе од 2.000 деца од предучилишна возраст за време на играта со мајките. Научниците дошле до заклучок дека амбициозните мајки им го наметнувале на децата начинот на игра и не им давала можност сами да одлучуваат, а исто така одредувале што и како ќе се прави.

Професорката Жан Испа од Универзитетот Мизури изјави дека мајките навистина веруваат дека им помагаат на децата и не сфаќаат дека на тој начин ја задушуваат нивната креативност. Во тие моменти децата не сакаат да го поминуваат времето со мајката, бидејќи доживуваат фрустрација и незадоволство.

Таа истакнува дека децата се среќни кога имаат можност сами да донесуваат одлуки, посебно за секојдневната игра и забава.

Децата биле помалку чувствителни кога мајките ги насочувале на понежен начин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска