ОБНОВЕНО: Цело Велешта се собира пред ЕВН

Од:

Претседателот на месната заедница од Велешта Абдулкадри Шеи пред малку упатил апел до сите жители на Велешта да се приклучат на протестите пред зградата на ЕВН во Струга и доколку во текот на ноќта струјата не се пушти тогаш ќе следуваат порадикални мерки меѓу кои и палење на зградата на ЕВН.

Претходно преставници на полицијата дошле меѓу жителите и побарале од нив да се разотидат со уверување дека било дефект и оти истиот ќе биде отстранет набрзо и побарале од жителите да не ги попречуваат екипите на ЕВН во извршување на своите обврски.

Велешта се заканува: Ќе ја запалиме ЕВН 

Околу петстотини жители на струшкото село Велешта протестираат пред Управата на ЕВН во Струга, а дел од нив се закануваат дека ќе ја запалат.

Бараат компанијата под итно да им ја вклучи струјата во селото. Тие велат дека во еден дел од селото каде шти живеат околу 3000 жители од 2 часот изутринава нема струја.

Бараат средба со раководствотона ЕВН од Скопје и најавија дека ќе чекаат цела ноќ ако треба.

Според жителите не станува збор за неплатени сметки туку за некој проект на ЕВН кој бил реализиран и во Скопско и поради кој жителите немале една недела струја.

ЕВН велат жителите сакала да поставува подземен кабел без согласност на месната заедница во Велешта.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум