Трамп и неговата сопруга во ненајавена посета на Ирак

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп ненајавено го посетија Ирак за да се сретнат со американските војници за Божиќ, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.

Сандерс напиша на Твитер дека претседателот е во Ирак за да ги посети американските војници и нивните команданти, да им се заблагодари за нивната служба, успех и жртва и да им посака Среќен Божик.

Ова е прва посета на Трамп во воена зона откако стана претседател. Тој често пати беше критикуван поради тоа што не ги посетува американските војници во конфликтните области.

На враќање од Ирак, каде што помина три часа со војниците, Трамп ќе ја посети и американската воена база Рамштајн во Германија каде ќе се сретне со војници.

Би можело да ве интересира

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“