Сообраќајка на обиколницата кај Штип, едно лице тешко повредено

Од:

Возач на автомобил е тешко повреден, откако со возилото попладнево излетал од коловозот на регионалниот пат Радовиш-Штип-Скопје, кај местото Калимерово.

Според првичните информации од портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова околу 16 часот возачот на автомобилот марка „Ровер“ со штипски регистерски таблички изгубил контрола над возилото, по што излетало од коловозот и удрило во дрво.

Засега неможе да се утврди идентитетот на возачот. На лице место веднаш пристигнале и екипите на Итната медицинска помош и на Противпожарната единица. Тешко повредениот возач веднаш е хоспитализиран во Клиничка болница-Штип. Увид на местото на несреќата извршија екипа на Полициска станица-Штип.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски