СДСМ: Мицкоски да каже која била целта на неговите посети на Белград и Будимпешта неколку дена пред да избега Груевски

Од:

„Наместо да се крие зад празни прес конференции на кои се преповторуваат едни исти лаги, Христијан Мицкоски да излезе и да каже, која била целта на неговите посети на Белград и Будимпешта само неколку денови пред да избега неговиот ментор, осудениот криминалец Никола Груевски.

Што има ВМРО-ДПМНЕ против тоа што се отвораат нови работни места, што растат платите и животниот стандард на граѓаните? Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што стапката на невработеност е падната на 20,8 отсто, што е историски најниска досега.

Времето на партизација на администрацијата и институциите заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Денес институциите работат одговорно, професионално, процесите на вработувања во институциите се одвиваат транспарентно и во согласно со законот, а сите важат еднакви услови и критериуми за вработување“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците