ВМРО-ДПМНЕ: Предизборните ветувањата на СДСМ за чист воздух останаа само мртво слово на хартија

Од:

„Секојдневно граѓаните се гушат во неспособноста на власта предводена од аболицираниот Заев. Црнила буквално надвиснаа над сите граѓани. Секоја година повеќе од 3 илјади лица се директна жртва на енормно загадениот воздух.

Додека милиони евра власта троши за набавка на луксузни автомобили, мебел, лубриканти, се кратат ставките во буџетот за заштита на животната средина, а гасификацијата остана само уште едно неостварено ветување на СДСМ.

Откако СДСМ ја превзема власт, потрошија 7 милијарди евра пари на граѓаните, а граѓаните се уште не добија решение за нај горливиот проблем, проблемот кој одзема илјадници животи годишно, проблемот со загадувањето на воздухот

Предизборните ветувањата на СДСМ за чист воздух и здрава животна средина, останаа само мртво слово на хартија и уште една обична лага, во црната книга на неостварени ветувања наречена „План за живот“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни