Њујорчанец пронашол чанта со 10.000 долари и ги вратил на сопственикот

Од:

Еден жител на Њујорк во метро пронашол Шанел чанта со 10.000 долари и порака на руски јазик, па ѝ ја вратил на сопственичката.

– Ја зедов чантата за да видам дали има податоци за сопственикот, па да стапам во контакт со него и да му ја вратам, изјави чесниот наоѓач Ричард Таверн, додавајќи дека во тоа му помогнала пораката напишана на руски јазик.

Но, бидејќи не разбирал руски, ги распослал парите на маса и ги сликал. Потоа, ги однел во блиската полициска станица во Менхетен.

На истото место, во исто време се нашла и жената што ја загубила чантата пред да тргне на одмор во Русија. Така, приказната имала среќен крај.

На крајот од изјавата за медиумите, Таверн рече дека не направил ништо спектакуларно, но дека се чувствува добро затоа што знае дека постапил најправилно.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија