Работнилница за новата европска перспектива на македонската индустрија за преработка на храна овозможена од ИПАРД програмата, ќе се одржи денеска во Струмица.
Работилницата ќе ја отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, а ќе се обрати и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.
На работилницата, меѓудругото, ќе се разговара за мерките вклучени во ИПАРД Програмата 2014 – 2020, како што се за примарно земјоделско производство, за преработка и маркетинг на земјоделски производи, и за диверзификација и развој на рурални бизниси.