А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Обвинение против претседателот на „Маркукуле“ поради нелегално профитирање

by А1он25/12/2018 - 19:271144
Share0

Поднесено обвинение за лице што остварило профит преку дејност од здружение. Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе обвинителен предлог против одговорното лице на Здружението за промовирање на културните вредности во Пелагонија „Маркукуле“ – Прилеп поради сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Добивај вести на вибер

Осомничениот од септември 2015 до декември 2017 година како одговорно лице – претседател, во вршење на своите овластувања и должности ја искористил својата службена положба и овластувањето со тоа што за себе и за други противправно прибавил поголема имотна корист. Имено, тој спротивно на член 12 и член 50, став1, 2 и 3 од Законот за здруженијата и фондациите, како и спротивно на дејноста за која се регистрирани и целите определени во член 1 од Статутот на здружението, вршел профитабилна дејност.

Осомничениот во наведениот период вршел медиумски услуги во форма на рекламирање правни лица од стопанска и нестопанска дејност на интернет-порталот www.markukule.mk, сопственост на Здружението, со што стекнувал добивка што не ја употребувал за остварување на целите на Здружението. Остварената добивка ја распределувал за себе и за други лица поврзани со него така што во вид на хонорари префрлал парични износи на својата трансакциска сметка во вкупен износ од 244.000,00 денари и на трансакциските сметки на уште осум лица во вкупна висина од 1.112.045,00 денари.​

krazbaprilep

Би можело да ве интересира

Од 1 март во Прилеп присилна наплата на даноците

Горан Наумовски23/02/2026 - 14:19

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски11/02/2026 - 20:2911/02/2026 - 20:29

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Горан Наумовски08/02/2026 - 16:57

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он08/01/2026 - 19:1608/01/2026 - 19:18

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски31/12/2025 - 09:3531/12/2025 - 09:35

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски22/12/2025 - 06:5322/12/2025 - 07:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен