Вооружен грабеж на златарница во Прилеп

Од:

Извршен е увид на самото место во златарницата во Прилеп, каде што утрото имаше разбојништво.

Според информациите, утрово, три засега непознати лица извршиле разбојништво во дуќан – златарница во старата чаршија во Прилеп. Во 8.40 часот сопственичката влегла во дуќанот и зад себе ја заклучила влезната врата по што почнала да го вади накитот од сефот. Во тој момент две лица го скршиле стаклото од излогот и вооружени со пиштоли влегле внатре барајќи од сопственичката да им ги даде накитот и парите. За тоа време трето лице било надвор пред дуќанот и вооружен ги бркал случајните минувачи. Кога ги зеле паричните средства и накитот, трите лица со бегање се упатиле кон патничко моторно возило со гостиварски регистарски ознаки и побегнале од местото на настанот.

Надлежен јавен обвинител заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи изврши увид на самото место. Издадени се наредби за прибирање траги и докази од самото место за обезбедување видеозапис од видеонадзорот. Дејствата на Основното јавно обвинителство Прилеп се одвиваат во континуитет за расчистување на кривично-правниот настан.​

Би можело да ве интересира

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Истрага за 50-годишен прилепчанец за обид за убиство на социјален работник

А1он

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски