Тројца вооружени разбојници ограбија прилепска златарница

Од:

Полицијата работи на расчистување на вооружениот грабеж на златарницата во центарот на Прилеп, што се случи изутрината околу 8,40 часот, информираат од СВР Битола.

Според портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова, грабежот го извршиле три непознати, вооружени лица, кои најверојатно не биле маскирани.

-Со закани со оружје кон сопственичката на златарницата, успеале да украдат злато. Ја повредиле и сопственичката, има телесни повреди, вели Стаматова.

Вооружениот напад се случил речиси веднаш по отворањето на дуќанот. Напаѓачите влегле кога сопственичката почнала да го изложува накитот. Сѐ се случувало пред очите на околните дуќанџии, кои, потресени, не сакаат официјално да говорат за настанот.

Би можело да ве интересира

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко