(ВИДЕО) Костадинов: Очекуваме стапката на невработеност во 2019 да падне под 20 отсто

Од:

Годината зад нас беше година на раст на платите, намалување на невработеноста, економски раст и развој, повеќе пари кај граѓаните. Се отвори спиралата на раст на платите и можностите за подобрување на животниот стандард. Просечната плата во октомври 2018 изнесува 24.817 денари, што е за 6,3 отсто повеќе отколку за истиот месец во 2017 година, рече Костадин Костадинов од СДСМ.

– Порасна и минималната плата од 9 на 12 илјади и истата важи за сите стопански гранки. 90.000 граѓани, 90 илјади семејства денес добиваат поголема минимална плата и имаат олеснет живот. Работниците кои добиваа најниски плати, во кожарската, текстилната и чевларската индустрија сега добија поголеми плати за 30 отсто. Вработените во болниците, училиштата и градинките добија 5 отсто поголеми плати. Планот за економски раст, реалните економски политики, активни мерки за вработување даваат резултат, рече Костадинов.

Тој додаде дека оваа година биле отворени над 14 илјади нови работни места, а стапката на невработеност се спуштила на 20,8 отсто.

– Парите за активни мерки за вработување сега се безмалку една милијарда денари што е за 654 милиони денари повеќе отколку во 2016 година. Ваквите позитивни трендови на економијата ќе придонесат следната година да биде година на економијата. Се повеќе пари ќе завршуваат назад кај граѓаните, кај работниците, во секое семејство. Платите ќе продолжат да растат во сите сектори, а невработеноста ќе продолжи да се намалува. Во следната година повисоки плати од 5 отсто ќе добиваат вработените во образованието, здравството, градинките, социјалните служби, одбраната, судството, полицијата…докторите специјалисти ќе добиваат 10 отсто повисоки плати, рече Костадинов.

Како што кажа тој, средствата за активни мерки за вработувања во Буџетот за 2019 биле 1,1 милијарда денари.

– Тоа ќе придонесе невработеноста да се намали на под 20 проценти. Како одговорна партија, продолжуваме да работиме на спроведување на мерките што обезбедуваат напредок, економски раст и повисок животен стандард за сите граѓани, рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он