Од кафеана во Чегране, гостиварско, приведени 11 женски лица

Од:

Во гостиварската полициска станица, утрово приведени се единаесет лица кои работеле како танчарки и пеачки во кафеана во гостиварското село Чегране.

Според СВР Тетово, полициски службеници во периодот од 22 до 5 часот, спровеле акциска контрола во угостителскиот објект „Баке-ком“ во Чегране, сопственост на 48-годишен жител од ова село.

– При контролата, во објектот се затекнати 11 женски лица, од кои девет од Република Албанија и две македонски државјанки, кои биле ангажирани како пејачки и танчарки, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово

Албанските државјанки на возраст од 20 до 40 години, биле приведени во Полициската станица Гостивар и по кусото задржување предадени се во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Полицаец од Струмица зел 500 евра „за мирно решавање тепачка“

Пијан возач удрил пешак во Охрид и побегнал

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден