Пензиите на грчките пратеници намалени за 60 проценти

Од:

Пензиите на грчките пратеници се намалени за 60 проценти од 2010 година до сега, како што се намалени и сите други пензии од државната администрација, согласно економските мерки договорени со надворешните кредитори, објави денеса „Нафтемборики“ повикувајќи се на грчкото Министерство за финансии.

Во декември 2009. година грчки пратеник добивал 3.866,16 евра пензија, а од февруари годинава таа е намалена за 51,11 отсто и изнесува 1.975,96 евра.

Ако пратеникот добива пензија од државниот сектор пензијата му се намалува за 70 проценти.

Од април годинава се намалува и за 20 отсто и втората пензија, ако пратеникот добива пензија од друга институција, а исто се намалува и третата пензија за 30 проценти.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе