Во Сиднеј евакуирана зграда, станарите слушнале крцкање

Од:

Една зграда во центарот на Сиднеј е евакуирана откако станарите слушнале крцкање, јавија локалните медиуми.

Повеќе од 140 станари биле евакуирани од зградата „Опал“ која има 33 ката, запрен е патничкиот и железничкиот сообраќај во тој дел на градот, а евакуирани се и куќите, зградите и другите објекти во близина на зградата.

Компанијата „Меритон“, која ја одржува соседната зграда, ги известила станарите дека постои „можност зградата Опал да се урне“.

Инспекторот Грег Рајт изјави дека во зградата во моментов се исклучува водата и системот за снабдување со гас, а ќе биде исклучена и електричната енергија.

Зградата „Опал“, во која има 392 стана, е изградена во август. Еден станар изјавил дека слушнал силен тресок, а друг дека меѓу 12 и 13 кат се појавиле пукнатини.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа