ВМРО-ДПМНЕ: Нерасчистени убиства, кражби и физички пресметки станаа секојдневие за граѓаните на Република Македонија

Од:

„Дури ни рекордната загаденост на воздухот и ПМ честичките не можат да го покријат криминалот на улиците како последица на владеењето на СДСМ. Црнилото во кое СДСМ ја втурна државата резултира со зачестени вооружени пресметки.

Нерасчистени убиства, кражби и физички пресметки станаа секојдневие за граѓаните на Република Македонија. Криминалната власт на СДСМ повеќе не може да ја гарантира безбедноста на граѓаните ниту во нивните домови затоа што со улиците владеат криминалци, лихвари и насилници.

МВР со СДСМ и Оливер Спасовски стана синоним за корупција. Тие наместо да се борат против истата и да го одржуваат редот и мирот во државата се занимаваат со матни зделки и сомнителни тендери. Наместо заштитници на граѓаните станаа заштитници на криминалците.

Со СДСМ и Спасовски, Република Македонија секојдневно се повеќе тоне во криминал. Стотиците криминалци кои ги пуштија на слобода сега дивеат по улиците. Зачестија грабежите, убиствата, вооружените пресметки, а секој граѓанин стравува дека може да биде застрелан по улиците.

Убиецот на Мартин Јанушев е се уште на слобода и прашање на време е кога уште еден недолжен граѓанин ќе стане негова жртва. Граѓаните на Република Македонија наместо заштита добија убиства, престрелки, кражби запалени автомобили на секој чекор.

Македонските граѓани сакаат власт која ќе се грижи за редот, мирот и безбедноста, а не Влада која го заштитува криминалот. Оливер Спасовски докажа дека е најнеспособниот министер за внатрешни работи и симбол за политички прогон.

Граѓаните стравуваат за своите животи и животите на своите најблиски и нивната иднина. Затоа Оливер Спасовски мора веднаш да си поднесе неотповиклива оставка. Црнилото кое ја зафати Република Македонија со СДСМ мора да заврши што поскоро“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито