Производителите на челик и алуминиум од следната година со ограничен извоз во ЕУ

Од:

Од идната година за македонските компании кои произведуваат челик и алуминиум ќе важат новите мерки за ограничен извоз во ЕУ, поради што можните загуби се проценуваат на околу 100 милиони евра годишно.

Како што истакна на денешната средба со новинарите вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, формалнта нота од Брисел за воведувањето конечни заштитни мерки, како контрамерки на САД, со кои се ограничува извозот на члеик и алуминум во ЕУ, ја добиле во петокот, а веќе имале средба и со компании од оваа индустрија.

Со мерките на ЕУ за производителите на челик и алуминиум, практично во Македонија ќе бидат опфатени компаниите кои произведуваат челик и железо.

– Согласно новата формулација, земен е просекот на извоз на овие компании од 2015, 2016 и 2017 година зголемен за пет отсто раст. Се што е над тој износ ќе биде царинето со 25 отсто. Тоа ќе значи големи проблеми за нашата индустрија на челик и алуминиум, која сериозно придонесува во БДП на државата. Проценките се дека штетата би можела да биде до 100 милиони евра на годишно ниво на извозот, рече Османи.

Привремените мерки ЕУ ги воведе во јули, а наведените конечни мерки треба да траат три години. Од Владата, вели Османи, не се откажуваат од обидите да ја убедат ЕК дека Македонија треба да биде исклучена од овие мерки.

Би можело да ве интересира

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски

Владата планира капитацијата за матичните лекари да се движи помеѓу 20 и 30 отсто