Автопатот Скопје – Блаце ќе почне да се гради во јануари

Од:

Проектот за автопатот Скопје – Блаце, вреден 110 милиони евра, ќе се спроведува во два дела. Како што информираше вицепремиерот Бујар Османи на денешната средба со новинарите, соглсно со одлуката на Владата, првиот дел од граничниот премин до првата спојка кај селото Блаце во должина од 1,9 километри ќе се гради со државни пари од Јавното претпријатие за државни патишта, а останатиот дел со средства од ЕУ.

-Очекуваме проектот да биде завршен на почетокот на јануари, а тендерот ЈПДП да го објави кон крајот на јануари. Остантиот дел од 10 км ќе биде граден со кредит од ЕБРД, но аплициравме и за 27 милиони од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан од ЕУ. Нашето учество во тие два километра ќе се смета за кофинансирање во целата финансиска конструкција која се очекува да биде над 110 милиони евра, согласно физибилити-студијата, рече вицепремиерот Бујар Османи на денешната средба со новинарите.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада