ОЈО Струга гони три лица за трговија со дрога

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга донел наредба за спроведување истражна постапка против три лица, државјани на Република Албанија, за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според Кривичниот законик.

– Осомничените вчера околу 1:40 часот како соизвршители неовластено заради продажба пренесувале шеесет и девет килограми и триста и десет грама дрога – марихуана. Дрогата претходно ја спакувале во црни најлонски ќеси и ја пренесувале на магистралниот пат Струга – Ќафасан во близина на село Франгово. При што биле откриени и приведени од страна на овластени службени лица на Министерството за внатрешни работи, соопшти ЈОРМ.

Надлежниот обвинител ценел дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, поради што до судија на претходна постапка од Основниот суд Струга доставил предлог за определување на мерката притвор за тројцата осомничени.​

Би можело да ве интересира

Наместо воздушнo перниче, во автомобилот на 62 годишен Хрват откриени 4,3 кг кокаин

А1он

Жител на Стојаково во пластеница одгледувал пиперки, домати, ама и марихуана

Двајца браќа од струшко село повредиле жена која патувала во комбе

Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

Само една плажа на струшкото крајбрежје има обучени и лиценцирани спасители

Со месеци бандата која препродавала амфетамин била под посебни истражни мерки