Општина Бутел за тековната зимска сезона набави соларка и плуг за одржување на сервисните улици што се во надлежност на Општината.
„Соларката со капацитет од 400 л. ќе биде монтирана на едно од двете мини камиончиња, а за плугот е предвиден багер, за кого постапката е завршена, и на кој ќе биде монтиран плугот за чистење снег“, соопштуваат од Општина Бутел.
Градоначалникот Велимир Смилевски истакна дека индустриска сол е набавена за чистење на сервисните улици.
„Замонтирање на плугот се очекува да пристигне багерот. Се разбира багерот ќе го користиме и за чистење на ѓубре од дивите депонии, како и за реката Серава“, додаде градоначалникот Смилевски