Расмусен: НАТО не е светски полицаец

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен изјавил дека НАТО нема да интервенира во Сирија и Мали доколку тоа не го бараат Обединетите нации.

Расмусен во интервју за бриселскиот портал „Еу Обзервер“ изјави дека е фрустриран од извештаите за страдањето на цивили во Сирији, но дека НАТО нема да интервенира без мандат од ОН.

Тој рече дека ниту сириската опозиција не побара да интервенираат и додаде дека НАТО не е светски полицаец.

Расмусен изјави и дека не ја гледа улогата за Северноатлантскиот пакт во настаните во Мали, но дал поддршка за француската воена интервенција во оваа африканска земја.

Истакна дека со намалувањето на воените буџети во некои европски земји претставува се поголем проблем за НАТО, бидејќи со тоа се зголемува јазот меѓу воените капацитети на САД и европските партнери во оваа алијанса.

На прашањето дали НАТО го поддржува создавањето на паралелни европски одбранбени сили, за што подолго се расправа во Европа, Расмусен изјави дека одлуката е на земјите членки на Европска унија.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата