Продолжен рокот за субвенции за чистење оџаци во Скопје

Од:

Јавниот повик за субвенции за чистење на оџаци е продолжен до 31-ви декември 2018. година, соопшти денеска Град Скопје.

„Чистењето на оџакот треба да е извршено од стручно лице вработено во регистрирана фирма за оџачарство.

Согласно последните информации, од објавувањето на јавниот повик во Скопје се исчистени 492 оџаци, што е значително зголемување во споредба со претходната година кога беа исчистени 274 оџаци.

Ги повикуваме сите правни и физички лица да се пријавуваат на повикот за доделување на субвенции за чистење на оџаци, независно од периодот кога е оџакот исчистен, во текот на оваа календарска година, со валидна документација.

Јавниот повик за субвенции за чистење на оџаци е дел од мерките кои Градот Скопје ги презема со цел намалување на аеро-загадувањето и подобрување на животната средина“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Подетални информации околу пријавувањето може да погледнете на следниот ЛИНК.

Би можело да ве интересира

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања