„Сликарот со пријателите“ – изложба на Новица Трајковски во Илинден

Од:

Во галеријата на Домот на култура „Илинден“ во Општина Илинден отворена е изложба на академскиот сликар Новица Трајковски, насловена „Сликарот со пријателите“.

Претставени се 40-ина портрети кои во подолг период Трајковски им ги направил на своите пријатели. На отворањето на изожбата тој рече дека ова е негова прва изложба на портрети по 30 години.

На отворањето беа присутни и голем број јавни личности кои се портретирани од сликарот, како Раде Силјан, Ефтим Клетников, Летиф Јанчигвин – Ли, Јаков Дренковски, Климе Коробар, Павле Кузмановски, Виолета Ачкоска…

Изложбата ја отвори градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски. Тој му се заблагодари на Трајковски кој живее и работи во Илинден, за неговиот голем придонес во развојот на културата и културните вредности во општината.

Изложбата ќе биде отворена до крајот на јануари идната година.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска