Клаус: ЕУ е поголема закана за Чешка, отколку Москва

Од:

Чешкиот претседател во заминување, Вацлав Клаус го обвини Брисел дека е поголема закана од Москва.

-За мене Русија е голема земја што морам да ја земам предвид. Денес за Чешка гледам други актуелни закани, а не Русија. Русија денес не го одредува мојот живот, туку Европската Унија – изјави Клаус во интервјуто, на конзервативен полски неделник „До жечи“.

Полска, Клаус ја означил како земја што има самопочит за разлика од Чешка и умее да ги брани сопствените интереси.

Тој во своето проштално претседателско интервју не штедел критика на сметка на својот проевропски ориентиран претходник, покојниот лидер на кадифената револуција и последниот претседател на Чехословачка, а прв на Чешка, Вацлав Хавел, но и на сметка на светските државници.

Американскиот претседател Барак Обама, според Клаус претставува антидемократски правец на политиката, додека британскиот премиер Дејвид Камерон не е во состојба да заземе јасен став, а Хавел Клаус го означил како екстремен левичар.

На 7-ми март на Клаус му истекува претседателскиот мандат, а ден подоцна свечената заклетва Храдчани ќе ја положи 68-годишниот поранешен чешки социјалдемократски премиер Милош Земан.

Тој веднаш откако Чесите на 26 јануари го избраа за шеф на државата на првите директни избори изјави дека еден од првите потези ќе му биде да го врати знамето на Европската Унија на замокот Храдчани, што Клаус 10 години тврдоглаво одбиваше да го направи.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица