Ременски: Никој не смее да биде привилегиран затоа што бил избран или именуван функционер

Од:

Пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски преку Фејсбук реагира на најавите за изработка на закон за обезбедување државна служба на пратениците по завршувањето на нивниот мандат. Таа пишува дека никој не смее да биде привилегиран само затоа што бил избран или именуван функционер.

„Никој не смее да биде привилегиран само затоа што бил избран или именуван функционер.

Законите ги регулираат правата и обврските на сите избрани и именувани функционери за време и по завршување на нивниот мандат.

Ставањето во привилегирана позицијаза време и по престанок на функцијата е спротивно на принципите на недискриминација и еднаквост.

Наместо да се зголемуваат, привилегиите треба да се минимизираат. И тоа веднаш, пред да се уништи јавниот имиџ на функцијата пратеник кој и без тоа е доволно уништен“ напиша Фросина Ременски на Фејсбук.

Никој не смее да биде привилегиран само затоа што бил избран или именуван функционер.Законите ги регулираат правата и…

Posted by Frosina Remenski on Петок, 21 декември 2018

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он