Се одржа првата седница на ад-хок координативната група за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам

Од:

Ад-хок координативна група за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот денеска ја одржа првата конститутивна седница, со која претседаваше министерката за правда д-р Рената Десковска.

Со одлука на Владата во ад-хок координативното тело за развој на коцептот за Едно општетсво и интеркултурализам, покрај д-р Дескоска, како претседателка, за членови се назначени и Асаф Адеми, министер за култура, кој ќе ја врши и должноста заменик претседател на ад-хок групата, Аксел Ахмедоски, министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Р. Македонија, Петар Атанасов, заменик министер за образование и наука, Илхан Рахман, директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Дарјан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Јованa Тренчевска, државен секретар во Министерството за труд и социјална политика, Фатон Ахмети, државен секретар во Секретаријатот за спроведување на Охридскиот Рамковниот договор, и Рубин Земон, посебен советник за развој на мултикултурното општество, интеркултурализмот и интер-културните комуникации.

Оваа ад-хок координативна група на барање на Владата или по потреба ќе предлага мерки и активности поврзани со прашања во врска со развојот на концептот за Едно општество и интеркултурализам. Ад-хок координативната група ќе ги разгледува препораките и извештаите на меѓународните тела и комисии како што се извештаите на Европската комисија, препораките Советодавниот комитет на Рамковната Конвенција за заштита на националните малцинства, Европската комисија против расизмот и интолеранцијата (ЕКРИ), Комесарот за човекови права при Советот на Европа, Високиот комесар за националните малцинства при ОБСЕ, извештаите на ОБСЕ/ОДИХР, извештаите на телата и комесарите при ООН, како и извештаите, препораките, мислењата, претставките на цивилниот сектор од и надвор од Република Македонија.

Со конституирањето на оваа ад-хок координативна група за развој на концептот за Едно општество и интеркултурализам, за прв пат во историјата на Република Македонија се превземаат конкретни мерки и политики за поголема интеграција и кохезија на општеството.

На денешна конститутивна седница на ад-хок групата се разгледа информацијата за активностите во врска со подготовката на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам, се избра работна група за подготовка на методологија за работата на ад-хок координативната група, и се избра работна група за изготвување на предлог програма и акционен план за работа на ад-хок кординативната група за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 отсто, инфлација 2,5 отсто

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски