„Ербас” ги достави во Украина првите два хеликоптери од нарачаните 55 машини

Од:

Во Украина се доставени првите два хеликоптери за цивилни цели, произведени од „Ербас“. Договорот за вкупно 55 машини е во вредност над половина милијарда евра.

Хеликоптерите Х225 Супер Пума беа претставени на официјална церемонија на аеродромот „Бориспил”, на која присуствуваше и украинскиот претседател Петро Порошенко и претставници на европскиот авиопроизведувач.

– Ова е необичен настан, доказ за подобрувањето на материјалните ресурси на нашата гранична стража, нашите спасувачки екипи и нашата национална гарда, изјави Порошенко.

Украина во јули склучи договор со „Ербас” за купување на 55 цивилни хеликоптери за 555 милиони евра, од кои, 85 проценти ќе бидат финансирани со заем од Франција и француски банки.

Хеликоптерите ќе се користат за надгледување на границите, за одржување на редот и за спасувачки операции. – Ќе служат првенствено за спасувачки мисии во планинските области и во реонот на Азовско и Црно Море, каде што, за жал, треба да сме подготвени за секакви инциденти, рече украинскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Кос: Украина до крајот на 2025 може да ги отвори кластерите за пристапување во ЕУ

Украински дрон уништи руски бомбардер со долг дострел Ту-22М3