ВМРО-ДПМНЕ: Ветуваа почист воздух, а никогаш не било позагаденo од сега

Од:

„Наместо живот СДСМ донесе црнила. Ветуваа почист воздух, а истиот никогаш не бил позагаден од сега. Скопје е најзагаден град во Европа и помеѓу десетте најзагадени во светот и тоа во последните два месеци.
Струмица, Битола, Тетово, Кочани и другите градови ширум државата се исто така со голема количина на загаденост на воздухот. Нивото на канцерогени ПМ10 честички е неколкукратно над дозволеното. Додека граѓаните се гушат, мерки не презема ниту централната, а ниту локалните власти, едните играат игри на мобилен, а другите спијат во собрание.

Има пари за се, само за здравјето на граѓаните не. Се трошат еден милион и шесто илјади евра на лубриканти, над седумстотини илјади евра за цвеќиња и лубриканти, двесте и шеесет илјади евра за украсување, а ниту денар за аерозагадувањето.

Заев е човекот кој одеше од град во град викајќи ајро, ајро, ветуваше чист воздух веднаш откако ќе ја преземе власта, две години потоа ништо од ветеното, но сега Заев наместо од опозиција ги лаже граѓаните од позиција на премиер.

Државата и граѓаните не смеат да страдаат заради нечии политички игри. Правото на чиста животна средина и чист воздух е право на секој граѓанин, а обврска за владата.

Повикуваме власта веднаш и безусловно да го рестартира проектот за целосна гасификација на Македонија.

Граѓаните немаат два животи, за овој да го поминат со лажните ветувања на СДСМ. Оваа власт покажа дека нема капацитет да ја води државата. Оваа власт мора да си замине. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите незадоволни граѓани од оваа однародена власт на протестен марш во сабота, 22.12.2018 година во Прилеп. Да ги поразиме црнилата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците