Во Собранието продолжува дебатата за Предлог-буџетот за 2019

Од:

Во македонското Собрание денеска треба да продолжи расправата по дополнетиот Предлог-буџет за 2019 година.

Расправата почна завчера кога пратениците од парламентарното мнозинство оценија дека предложениот буџет е социјален и со многу инвестициски вложувања, а опозицијата критикуваше дека тој е мегаломански, неразвоен и оти власта нема капацитет да реализира проекти.

Министерот за финансии Драган Тевдовски образложи дека главните цели на предложениот буџет се повисоки стапки на економски раст, подобар животен стандард на населението, повисоко ниво на социјална правда и повеќе пари за евроинтегративните процеси.

Вкупните приходи се планирани на 210,8 милијарди денари, а расходите се на ниво од 228,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит ќе изнесува 17,7 милијарди денари, односно 2,5 отсто од БДП, а растот на економијата е проектиран на 3,2 проценти. За капиталните инвестиции се издвоени 26 милијарди денари.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година